Априлските пензии ќе бидат исплатувани по групи. Пензионерите кои немаат картички ќе бидат поделени во четири групи, според висината на примањата. Целта е да се избегнат редиците пред банките.
Првата група пензионери со примања до 11.000 денари, парите ќе можат да ги подигнат на 27 април.
Втората група се пензионерите со пензии од 11.001 денар до 14.000 денари, тие пензијата ќе ја земат на 28 април.
Ден подоцна ќе бидат исплатени лицата кои имаат месечно примање меѓу 14.001 денар и 18.000 денари.
И последната група со пензија над 18.000 денари, парите ќе земат на 30 април.
Со цел полесно да се реализира исплатата на овој начин, Владата на синоќешната седница го задолжи ПИОМ податоците за пензиите до 23 овој месец да ги испрати до банките. Банките пак се задолжени да овозможат од 24 април, пензионерите кои имаат картички да можат да си ги подигнат парите од банкомат или да пазарат со нив.
На синоќешната седница Владата донесе одлука со која ги олеснува условите за микро, малите и средните фирми кои ќе аплицираат за 8 – те милиони евра од Развојната банка.
Владата исто така донесе одлука да се формира фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД -19. Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.