Стотици пензионери секое утро последниве седум дена чекаат во ред пред филијалата на банката во центарот на Охрид за да подигнат пари на шалетр бидејќи не им се доставени обновените картички преку пошта, објави Охрид 1.

Новите картички пензионерите не можат да ги подигнат од банката која ги известила дека ќе им ги достави преку пошта, но тоа до денес не е случено. Истовремено сите останати филијали на банката во Охрид заради пандемијата не работат, па пензионерите со денови стојат на тротоарот пред зградата во центарот на Охрид мачејќи се и надевајќи се дека ќе успеат да дочекаат да си ја подигнат пензијата за да преживуваат во ова време на пандемија и за нив смртоносна болест.

Денес ситуацијата беше најтажна бидејќи овие стари лица полека ги фаќа паника да не останат без пари за храна и лекови воочи засилените мерки кои државата ги воведува веќе од утре.

 

Целиот текст на следниов линк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.