Реализацијата и спроведувањето на првата група корисници од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година, ќе се одложи согласно Заклучок од седница на Владата на Република Македонија, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

За корисниците на услугата што се рангирани во првиот термин, односно од 22.03.2020 година до 28.03.2020 година, нема да се реализира услугата во одредениот термин поради мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, се вели во соопштението.

Како што е соопштено, за новите термини корисниците дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.

Оттаму апелираат странките да ја користат апликацијата за он лајн поднесување барање заради заштита на нивното здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.