Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Дејан Павлески, директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

На средбата, соговорниците разговараа за состојбите во државата во однос на обемот на странски директни инвестиции, како и за последиците во оваа област од пандемијата на Ковид 19.

Директорот Павлевски го информираше претседателот Пендаровски за тековните и најавените странски инвестиции, кои, како што рече Павлески ќе придонесат кон нови вработувања.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста од континуираната проактивност и партнерски однос на  Македонија со странските инвеститори. Во тој контекст претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно сите релевантни чинители во државата да градат предвидлив бизнис-амбиент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.