Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција наведе дека во рамки на Централниот кризен штаб се размислува сите банки и сите приватни стопански субјекти да бидат задолжени од своите вработени да ја организираат редарската служба, нагласувајќи дека е недозволиво таа работа да ја извршуваат Армијата и полицијата.

На прашањето, дали како врховен командат ќе ја повлечете Армијата од Прилеп затоа што има многу реакции дека е понижувачки Армијата да се користи за ставање ред пред банките, а истовремено ни се случуваат инциденти како тој во Синѓелиќ и таму ракцијата е блага, Пендаровски истакна дека недозволено е да се држи редарска служба пред банки од страна на полицајци или војници затоа што банките треба да имаат генерално, а и во во оваа ситуација посебно, своја редарска служба, на која можат да и припомогнат припадниците на МВР или на Армијата, но не обратно.

Во Прилеп има една нејаснотија која за жал не ја појаснивме навреме. Во Прилеп, Армијата не беше сама во грижата за утврдување на јавниот ред и мир, беше во поддршка на едниниците на Министерството за внатрешни работи. Инаку, постои размислување во рамки на Централниот кризен штаб и мислам дека или денеска или утре најдоцна ќе биде донесена и таа одлука, сите банки и сите приватни стопански субјекти да бидат задолжени од своите вработени да ја организираат таа редарска служба, дури потоа припадниците на МВР да бидат, за евантуално држење на тој поширок простор во тие инстиуции или простори, и зад МВР да бидат припадниците на Армијата, објасни претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.