Адвокатот и советникот на премиерот Миле Зечевиќ е предложен за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола на наредното Собрание на акционери што ќе се одржи на 13 март. Зечевиќ за оваа функција со мандат од четири години доаѓа како предлог на А.Д. „Пелистерка“, објави ИРЛ.мк.

Миле Зечевиќ работи како адвокат и е долгогодишен член на раководството на СДСМ. Беше директор на УБК, шеф на изборниот штаб на партијата на последните локални избори во 2017 година. А, со доаѓањето на СДСМ на власт, премиерот Зоран Заев го именуваше за негов надворешен советник за адвокатски услуги.

Освен Зечевиќ, други предлози на „Пелистерка“ се Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Александра Радевска, Илија Тозија и Игор Камбовски.

Зечевиќ за ИРЛ потврдил дека е предлог за член на Надзорен одбор, дека е долгогодишен пријател со Дејан Панделески и одамна адвокат на фирмата-ќерка на „Пелистерка“ – „Еуро дистрибуција“.

Панделески е кумашин на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и син на Цветан Панделески, кој е директор на ЗИК „Пелагонија“ и во моментов е во домашен притвор за случајот „Империја“. Тозија, пак, е близок пријател со синот на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков.

Целиот текст ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.