Како да не беше доволно што македонската Влада удира по џебот на најсиромашните, сега министерот за економија распали и со навреди кон нив.

Имено, на телевизија 24 во дебатна емисија беа поканети Крешник Бектеши министер за економија, Екрем Долек од Комора на трговци, Љупчо Лазевски потпретседател на групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија и закупци на тезга на зелените пазари.

За тоа со каква тешка состојба се соочуваат пазарџиите и за општо, тешкиот сиромашен живот кој народот го живее, на министерот воопшто не му беше важно да слушне. Напротив, тажниот и вистинит говор, тој го искористи како партиско препукување, па без почит и со потсмев им се обрати на пазарџиите.

На почетокот, кога закупувач на тезга му посочи: „Ние сме сиромашнни“, тој одговори: „Па што?“.

Ве молиме, немојте да манипулирате со пазарџиите. Ние сме сиромашни. Ако сте имале вие намера да не викнете и да го вклучите вие тезгаџијата во носење на законот, господине, вие тоа ќе сте го направеле. Ние сме сиромашен народ, не треба да се играте. Има луѓе што, знаете дека, купуваат стара облека за да дојдат на работа? Со чевли од 20-30 денари одат на работа. Тие ли луѓе сакате да ви платат на вас 60 евра и да платат придонеси? Вие мислевте за нас? Не мислевте вие за нас, не мислевте. Таа е вистината, му порачаа пазарџиите на министерот.

Тогаш, Бектеши покажувајќи дека воопшто не допре до него мачната судбина на пазарџиите, бесрамно истакна:

„Пошто дршиш политички говори, не сме ни во кампања ни никаде, тука сме…“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.