Разрешениот директор на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски негира дека иако сме имале акредитирана лабораторија, истата не сме ја користеле.

Вистината е дека таква лабораторија беше набавена во 2019 година од страна на Владата, а јас, премиерот Зоран Заев и министерот Крешник Бектеши истата ја промовиравме заедно во јавноста како проект кој ќе ни помогне да вршиме квалитетна и независна контрола на нафтените деривати. Тоа требаше да биде револуција бидејќи дотогаш (и се уште), нафтената индустрија во земјава, иако претставува еден од најголемите загадувачи на животната средина, повеќе од една деценија е оставена сама да си го контролира квалитетот на горивата. Лаборатијата никогаш не ни беше дадена и истата не е употребувана од наша страна, бидејќи министерот за економија не дозволи таа да оди под владение на Пазарниот инспекторат. За тоа две години се води и спор помеѓу Инспекторатот и Бирото за метеорологија, на кого и беше доделена лабораторијата.

Претходно министерот Бектеши го обвини Пауновски дека кажал многу невистини за увозот на мазут.

Како Министерство пред две години набавивме независна мобилна лабораторија која е во сопственост на Бирото за метрологија на државата. Директорот на Државниот пазарен инспекторат (Стојко Пауновски) до овој момент ја користел само еднаш во последните две години, рече Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.