Енергетската криза се продлабочува, долговите се трупаат, а од Власта и натаму немаат конкретна стратегија што понатаму. Ако државата не го субвенционира „ТЕ-ТО“ со 25 милиони евра, парното ќе поскапи 2,5 пати од сегашната цена – алармира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тоа значи дека скопјани ќе треба да плаќаат повисоки сметки бидејќи 70% од цената на килокалорија што ја троши еден стан, е учеството на гасот. На прашањето дали има решение со зелена енергија за актуелната состојба во енергетика и како треба да се справиме, Мицкоски вели дека излезот е многу скап и над 200 милиони евра.
Сега е доцна. Има решение, но чини многу пари. Недостасуваат близу 200 милиони евра во енергетскиот систем, покрај овие 25 милиони погоре спомнати, за да го затвориме билансот – потенцира лидерот на опозицијата и поранешен директор на „ЕЛЕМ“, сегашно „ЕСМ“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го критикува за неактивност шефот на државата, посочувајќи дека тој не ги коментирал последните случувања во земјава ниту, пак, презел нешто за енергетската криза која, според него, е и безбедносна.
Пендаровски е исчезнат, јас не знам каде е освен што мене ме критикува по нарачка – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Страчинце, Гази баба, одговарајќи на новинарско прашање дали е за лидерска средба со оглед на последните случувања на политичката сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.