За две недели, поточно од декември, ќе почне исплатата од повратот на ДДВ што граѓаните го прават со скенирањето на фискалните сметки, соопшти денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Според директорката наплатата на даноците се одвива со добро темпо и годинава очекува „брилијантна“ наплата на даноци.
Заклучно со денешниот ден бројот на корисници е 183.572, скенирани се 38.514.016 фискални сметки, а остварен е прометот од 18.877.173.838 денари. Повратот од 15 проценти е во висина од 4.986.000 евра, истакна Лукаревска.
Директорката информираше дека за првите десет месеци оваа година, Управата за јавни приходи – УЈП оствари вкупен даночен приход од 68 милијарди денари, кој е за три проценти повисок од остваренот приход минатата година, односно за 10 отсто повисок од 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.