Додека во светот имаме двоцифрен раст на индустриското, на градежништвото, на бруто националното производство, ние или имаме минусни салда или се мачиме со два отсто економски раст. Нема ниту 5 отсто раст како што викаше Зоран Заев пред стане премиер, а нема ниту теоретски изгледи да достигне толку во годините што доаѓаат. Имаме и одлив на странски инвестиции, а за нови не станува збор. Не задолжуваат, сите нас, дури и неродените. Откако СДСМ е на власт, долгот пораснал од 4.787.000.000евра на 5.144.000.000 евра, односно за година ипол тој пораснал за 357.000.000 евра. Оваа бројка нема да ја најдете на семафорот на Заев на триумфалната капија. Можеби таа бројка ќе ја најдете во џебовите на неговата фамилија, но не и на триумфалната капија. Со тоа е надмината психолошката граница од 5 милијарди евра и веќе државата се движи кон 50 отсто долг. Имено според ревидираната фискална стратегија за 2019 – 2021 година јавниот долг во 2020 се очекува да достигне 54.5% од БДП – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор по повод 27 години Унија на млади сили.

Тој запраша каде се парите од задолжувањата кои ги прави актуелната власт. Вели проекти нема, пари нема.

Се задолжуваат, но никаде ги нема парите во реалниот живот. Нема проекти, нема квалитетни реформи. Пари се зајмуваат, парите не се трошат на проекти, Значи парите се крадат! Животот станува потежок. Индексите на трошоците и индексите на цените на мало растат. Порано во продавница можеше да се купат намирници за 500 денари, денес 1.500 денари се малку. Тоа е она што го мачи народот, го тишти. Немањето пари ниту перспектива е реалниот проблем на граѓанинот. Со зголемените даноци се врши атентат врз бизнисот и куповната моќ на граѓаните. Голема лага е тврдењето на Владата дека ќе се зема од богатите за да се даде на посиромашните. Тоа е само димната завеса за да им помине грабежот на народот, пљачката на народот  – рече Мицкоски.

Според него на удар ќе биде средната класа. Ќе се зема од земјоделецот, од оние на кои им капнува од некој објект кој го рентаат, од еснафите кои имаат мало дуќанче.

Сега ќе се зема од сите, а највеќе на удар ќе биде средната класа. Реалноста е дека со даноците ќе се зема повеќе од земјоделците, оние кои имаат авторски договори, оние кои заработиле некој денар од спортско обложување или игри на среќа, од оние на кои им капнува по некоја сума од некој наследен објект кој го даваат под кирија, од оние млади луѓе кои го вложуваат својот труд во високоинтелектуални работи, од еснафите кои имаат мало стопанство, дуќанче, гранапче, тезга, берберница. Ова богати луѓе ли се, да ги прашам? Одговорот е јасен, нормално дека не се, имаат просечна живеачка, ама не повеќе. За оние кои живеат од кирија на некој објект, данокот ќе се зголеми за 100 осто,  ако досега плаќа на Владата по 100 евра данок, сега со повисоките даноци ќе треба да плаќа 200 евра. На земјоделците се зголемува за 50 отсто данокот. Ако некој земјоделец по основ на данок денес плаќа да речеме 150 евра на владата односно државата, сега со покачените даноци тој ќе треба да плаќа за 50 посто повеќе односно 300 евра. Ако е некој поради освоена добивка спортско обложување треба на државата да плати 500 евра данок, со новите измени на оваа влада ќе треба да и даде 50 осто повеќе, односно 750 евра. Ќе се опфатат со истита прогресија и оние кои заработуваат преку авторски договори за кој даноците се качуваат за 50 посто. А сериозен, сериозен удар ќе има бизнисот, затоа што ќе се оданочува и реинвестираната добивка која од претходната влада беше нула осто. Ова значи е нов данок, досега реинвестираната добивка не се оддаочуваше – рече Мицкоски.

Тој потсети на протестите во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога се протестираше за предлог законот за покачување на даноците на оние кои имаат авторски договори.

Се сеќавам кога минатата влада излезе со предлог на закон за покачување на даноците за оние кои имаат авторски договори, колку не само организации, невладини и таканаречени експерти се кренеа да се противат. Тогаш се увиде дека тоа е погрешно и се повлече владата. Денес кога не само авторските договори, туку се удира и по земјоделците, оние кои играат спортско обложување или друг вид на игри на среќа, оние кои живеат од кирии, истите организации и експерти молчат затоа што тогаш тие беа лажни борци за правдини, но денес најоштетени ќе останат граѓаните. Каде се сега оние кои протестираа? Има два одговора, или се под притисок, заврбувани и се плашат да изрзат слободна мисла за која се бореа, или…или пак се отселија, што е уште потрагично. Секогаш кога ќе платите повеќе во продавница, во обложувалница, на шалтерите за даноци, знајте оваа влада и Заев го направи тоа – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.