Поскапувањето на храната како последица на економската и енергетската криза, сето тоа е геополитичка игра, рече поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу на Форумот за енергетика што се одржува во Охрид.
-Оваа криза, доаѓа како последица на војната во Украина и инвазијата кога имаме високи цени за електричната енергија и храната, ова исто така е геополитичка игра и со оваа геополитичка криза се зависи од таа геополитичка игра.
Никола Делев, директор на Бугар-Транс-Гас вели дека за надминување на оваа криза треба да работиме сите заедно, оставајќи ги настрана дневните политики, рече Папандреу.
-Доколку работиме заедно можеме да преживееме и ова е единствен начин за дејствување и соочување со оваа ситуација. Тие мисии и цели кои ги кажа вашиот вицепремиер важат и за нас особено кога станува збор за ресурсите, вели Делев.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи рече дека овој форум за енергетика се одржува во најпотребниот момент бидејќи ќе послужи како поттик за следните предизвици.
-Сметам дека овој форум се одржува во потребниот момент кога во цела Европа и пошироко се случува енергетска криза и светска, поттикната од различни фактори кои се разбира сите ние не сме ги поттикнале туку сме само луѓе кои можеме да ги следиме нив и да се подготвуваме за следните предизвици, рече Битиќи.
Форумот се одржува денеска и утре каде ќе се дискутира за надминување на енергетската криза во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.