Предлогот буџетот за следната година да изнесува 4,46 милијарди евра бил разгледуван на владината седница во вторникот, неофицијално дознава телевизија „Телма“.

Дали истиот ќе биде усвоен или ќе претрпи измени, засега никој не сака да коментира, додека не бидат усогласени сите отворени прашања.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, кажа дека буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,3 отсто од БДП. Во предлог буџетот за следната година, кој се уште не е официјален и кој не беше усвоен на претходната владина седница, планирано е вкупно задолжување од една милијарда евра.

Повеќе на Телма



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.