Oткупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува вкупно 6.118.213.000 денари, што е намалување за 22,4 отсто во однос на истиот период во 2019 година.

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 26,8 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство пад за 9,9 отсто.

Намалувањето е регистрирано кај сите производи, освен кај овошјето и добитокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.