Индустриското производство во ноември 2020 година бележи пад од 4 отсто во односна ноември лани, а во периодот јануари-ноември 2020 во однос на тој период 2019 година има намалување од 10,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст од 8,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кајТрајни производи за широка потрошувачка за 33,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 отсто, додека пораст бележи кај Енергијаза 3,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4 отсто и Капитални производи за 0,8 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.