Oткупот и продажбата на земјоделски производи во вториот квартал годинава изнесува 2.573.092.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1,4 проценти.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 1 процент, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е намалување за 3,6 проценти.

Намалување е забележано кај житата, добитокот, живината и јајцата и другите земјоделски производи, а кај другите производи е забележано зголемување – покажуваат податоците на ДЗС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.