Во вечерашната емисија „Што не е јасно“ на „Алфа“, дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски обелодени уште еден скандал во работењето на Министерството за земјоделство под водство на министерот Трајан Димковски од СДСМ.
Јавен повик од 2018 година, каде што актуелниот министер Трајан Димковски, на предлог на една иста комисија, по истиот повик доделува земјоделско земјиште на двајца различни земјоделци. Тоа е класично прекршување на законите и на процедурите, рече Трипуновски.
Со други зборови, како еден стан да го продадете на две различни лица, коментираше водителката, на што Трипуновски рече дека ова може да се нарече „Фиком“ во земјоделството.
Додаде и дека ова не е првпат да открие ваков случај јавно, но наместо да се покрене одговорност од Комисијата, никој не реагира.
Порача дека и за овој случај ќе поднесе соодветна пријава до надлежните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.