Се намалуваат цените на погребалните услуги за семејствата кои имаат жртва од коронавирусот.
Ваква одлука донесе АД Бутел откако семејствата се пожалија на превисоките суми.
Сега за 7 до 10 илјади денари ќе се смали потребниот трошок за да се погребе човек кој починал од ковид 19 а намалувањето ќе зависи од местото каде треба да биде погребан покојникот.
Големите трошоци Бутел ги правда поради тоа што за погреб се потребни два ковчези, еден лимен и еден дрвен, а се доплаќа и за лимење и за вреќата во која се става телото.
Инаку и КОД во синоќешната емисија објави дека цените за услугите на Бутел се над 40 илјади денари, а семејствата се жалеа што немале избор, туку директно биле препраќани во Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.