Човекот кој директоруваше со Термоелектраната во РЕК Битола, во периодот кога се случија и најголемите хаварии е нов директор на РЕК Битола. Пеце Матески е новиот директор, кој според вработените во РЕК во оваа компанија почнал да работи пред 2-3 години, за пред неколку месеци да биде поставен за директор на РЕК Битола.
Вработените велат дека новопоставениот директор нема доволно искуство за да раководи со РЕК Битола. Покрај тоа, смеетаат дека не може и не смее да се занемари фактот дека во период на неговото раководење со Термоелектраната се случиле најголемите хаварии. Но, коментираат дека тргнувајќи од фактот дека е многу близок со Васко Ковачевски, не ги изненадува фактот дека е поставен на оваа позиција.
Инаку Матески на битолчани им е познат по неговата музичка кариера. Велат има свој бенд со кој настапува на свадбени веселби. Битолчани го знаат под прекарот Пеце Свирачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.