Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук, ја дообјаснува денеска стратегијата „чекан“ и „танц“ за справување со коронавирусот. Тој вели дека оваа стратегија е базирана на долгорочен план за сузбивање на вирусот преку комбинирани мерки и интензитет на нивно спроведување.
„Оваа стратегија предвидува комбинација на силни, остри мерки за сузбивање и намалување на вирусот (чекан) на почеток, а потоа и мерки за држење под контрола на заразата (танц).
„Чеканот“ претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање повеќе време за да може да се пронајде вакцина. Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања).
Откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“ односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг.
Оваа стратегија дава добар резултат и може да го намали времето за справување со последиците, здравствени и економски.
Ова е заедничка борба за сите нас, од нас зависи колку силно ќе удри „чеканот“ и колку долго ќе трае „танцот“. Да бидеме одговорни и сериозни, да ги почитуваме во целост мерките и задолженијата затоа што тие се за наше добро.
Само така ќе излеземе како победници од оваа глобална здравствена и економска закана“,пишува Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.