Како е можно десетици милиони евра да исчезнат од банката „преку ноќ“!? Како е воопшто возможно 73 отсто од кредитното портфолио на правните лица во банката да биде пласирано во сомнителни и спорни кредити, од кои ниту една од 149 фирми не платиле ниту едена рата со години!? А за овие факти постојано слушаме разни месии од Народна банка дека тие направиле сѐ што можеле соодветно и навремено, а ние сепак сме биле покрадени, се наведува во соопштението на Оштетените штедачи од Еуростандард банка.

Ова е криминал од толкави размери за кој, ако имавме и малку сериозна држава и кредибилни луѓе што нѐ водат, овие криминални ликови од раководните лица во ограбената банка и гувернерката на Народна банка ќе беа веќе одамна ставени во притвор, во очекување на долгогодишни и заслужени затворски казни. Барем ќе се почнеше од првиот криминален организиран тим, за да се продолжи понатаму. А на списокот се секако и поединци и фирми кај кои завршиле неповратните кредити, потоа претходната министерка за финансии Нина Ангеловска, а понатаму и некои вработени во банката, проценители на имот, адвокати, нотари, извршители и други измамници и манипулатори кои допринеле со своите нечесни активности и соучествувале во овој масовен криминал, соопштуваат Оштетени штедачи.

Како е можно десетици милиони евра да исчезнат од банката „преку ноќ“!? Како е воопшто возможно 73 отсто од кредитното портфолио на правните лица во банката да биде пласирано во сомнителни и спорни кредити, од кои ниту една од 149 фирми не платиле ниту едена рата со години!? А за овие факти постојано слушаме разни месии од Народна банка дека тие направиле сѐ што можеле соодветно и навремено, а ние сепак сме биле покрадени, се наведува во соопштението.

Ова е криминал од толкави размери за кој, ако имавме и малку сериозна држава и кредибилни луѓе што нѐ водат, овие криминални ликови од раководните лица во ограбената банка и гувернерката на Народна банка ќе беа веќе одамна ставени во притвор, во очекување на долгогодишни и заслужени затворски казни. Барем ќе се почнеше од првиот криминален организиран тим, за да се продолжи понатаму. А на списокот се секако и поединци и фирми кај кои завршиле неповратните кредити, потоа претходната министерка за финансии Нина Ангеловска, а понатаму и некои вработени во банката, проценители на имот, адвокати, нотари, извршители и други измамници и манипулатори кои допринеле со своите нечесни активности и соучествувале во овој масовен криминал, соопштуваат Оштетени штедачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.