Нов директор на државниот преносен опаратор МЕПСО ќе биде Орхан Муртезани, поранешен портпарол на Алтернатива.

Тоа место оваа партија која влегува во власта го презеде од ДУИ, чии кадар Куштрим Рамадани си заминува од таа позиција.

Муртезани доаѓа на раководно место во МЕПСО со претходно директорско искуство од АД Македонски железници – Транспорт, каде што исто така беше директор.

Орхан Муртезани, познат во јавноста како долгогодишен портпарол, е еден од основачите на Алтернатива. Роден е во Сарај, Скопје. По професија е економист, дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека постдипломските студии ги продолжил во Универзитетот ‘‘Мармара’’ во Истанбул во отсекот Менаџмент и организација. Течно зборува англиски и турски јазик.

Оваа промена во МЕПСО доаѓа во време кога земјава е во голема енергетска криза, а МЕПСО има проблеми и е принудена да плаќа пенали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.