Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на скопската општина Аеродром.
Тој заедно со градоначалникот на општината Тимчо Муцунски извришја увид во поставување на фотоволтаици во градинка и основно училиште во оваа скопска општина.
Сигурен сум дека и другите општини ќе го следат овој пример и ќе инсталираат ваков тип алатки со кои драстично ќе ги намалат трошоците кои што општините ги имаат за електрична енергија, рече Мицкоски пред новинарите.
Тој информира дека градоначалниците избрани од ВМРО-ДПМНЕ буквално оставени се на милост и немилост од нивните претходници кога станува збор за сметките за електрична енергија.
Но, еве сега се случи да покрај тоа што тупаници се делат по кафеани тука во Скопје, да практично сите овие трговци да ги раскинат еднострано договорите кои што ги имаат со општините и автоматски тие приоѓаат на снабдување кај универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и цените се драматично високи, цените се практично за еден месец колку што до сега биле годишните сметки, вели Мицкоски.
Ваков тип на инсталации можат само да ги намалат трошоците за струја и да помогнат во обезбедувањето на струја на објектите кои што се од јавен интерес, училиштата, градинките итн.
Аеродром ќе биде и општина пионер за селекција на отпад поддржан од страна на Канцеларијата на Европската унија овде во Македонија и во период кој што следи ќе имаме уште проекти од ваков тип. Така што продолжуваме да работиме, продолжуваме да го исполнуваме тоа што се обврзавме во време на кампањата на овие локални избори и сакаме да покажеме дека не се сите исти, дека ние работиме, а тие знаат само да лажат и крадат, заврши тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.