Актерката Весна Бејби Петрушевска реагира на „згрозеноста“ на пратеничката Емилија Александрова за интересот на јавноста за информацијата дека нејзината ќерка е вработена во Фондот за иновации. Она што за јавноста е непотизам, за пратеничката Александрова е лош третман на децата на јавните личности. Александрова бидејќи е пратеничка, а не пејачка, е вршител на јавна функција кој зема плата од Буџетот, а не јавна личност која се прехранува од тезги, па оттука повеќе од оправдан е интересот на јавноста за вработувањето на нејзината ќерка – и таа како мајката – на товар на државата.

Да се разбереме , вие не сте јавни личности туку сте пратеници кои земате плата од нас,народот.Не дечки не сте привилегирани по ниту еден основ ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привиегии.Постојано ги учам моите деца од актерската школа дека аплаузот се заслужува,тој аплауз подразбира многу работа и време.И сега јас џабе го повторувам тоа на деца од најмала возраст до 16 годишна?Сакате јавноста да не биде груба со вас?Вие сте нешто посебно претпоставувам….посебни во вашата алчност и недоветност!Срам да ви е!Јас имам безброј пораки во кои мајки на деца со посебни потреби се на работ на егзистенција,јас работам сто работи за да преживеам со моите деца и ги учам дека се треба да научат сами и да се изборат во животот.
Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи!
Вие народните пратеници имате кожни гаќи,така ми се чини!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.