По предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.
Со овие законски измени се олеснуваат критериумите за аплицирање и за исплата на финансиска поддршка за производствените компании.
Со измените на овој Закон ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година.
Согласно законските измени:
-Се олеснуваат условите за доделување на финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на ковид
-Се зголемува опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за финансиска поддршка
-Се подобруваат условите за инвестиции од дијаспората
-Дополнителна финансиска поддршка за компании кои се од помалку развиени региони во државата
Целта на измените и дополнувањата на овој закон е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата на Република Македонија и на вработувањата.
Законот за финансиска поддршка на инвестициите почна да се применува во 2018 година како дел од Планот за економски раст на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.