Околу 7.000 граѓани досега, поради корона кризата, пријавиле дека ги загубиле своите работни места со спогодбен отказ или изјава. Бројката денеска ја соопшти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска која додаде дека вистинските бројки ги има Агенцијата за вработување.

Последната бројка што ја имам е околу 6.000 – 7.000 лица, но, би ве упатила на Агенцијата за вработување да ви дадат точен и прецизен одговор, до каде се со обработка на тие барања и колку ги реализирале позитивно – рече Царовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.