Поранешните вработени во фабриката Охис денеска протестираа пред Владата. Бараат да им се исплатат задоцнетите плати на околу 2 илјади вработени и тоа осум плати од 2008 година и 16 од 2012 и 2013 година.
Се жалат дека нивните права се прекршени. Имаат судска одлука парите да им бидат исплатени, но велат дека нешто во процент е исплатено од продажбата на фабриката и бараат остатокот да го субвенционира Владата и да им бидат платени придонесите. Порачуваат дека „ако Владата има пари за долговите на општините, лозарите… тогаш треба да имаат и за нас“.
Целиот прилог на Пресинг ТВ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.