Од понеделник угостителските објекти и настаните на отворено, покрај вакцинираните граѓани, ќе можат да ги посетуваат и оние кои имаат прележано ковид-19, но само во првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле, ова го соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, и додаде дека тој период е неопходен за да поминат неопходните 30 дена по оздравувањето и да се организира нивна вакцинација.

Телевизија 24  oбјави дека првичната одлука за редарска служба во угостителски објекти со над 30 лица ќе биде променета од понеделник, и ќе се однесува на сите објекти кои имаат над 30 места за седење. Тоа значи дека оние објекти кои ќе имаат под 30 места за седење нема да имаат обврска да бараат потврди за вакцинација и организација на редарска служба.

Според угостителите овие мерки се апсурдни и велат дека тие во своите објекти мора да овозможат пристап на сите граѓани, а не да се врши селекција на граѓаните во однос на тоа дали се вакцинирани.  За утре се најавени протести против новите анти-ковид мерки во Скопје.

Вакцинираните граѓани преку „Мој термин“ ќе можат да се пријавуваат за да ги покажат своите сертификати. Надлежните информираа дека апликацијата Comonpass, која што секој граѓанин ќе може да ја симне на својот мобилен телефон, има код за нашата земја и со тој код се препознаени сите сертификати и сите вакцини кои се дадени кај нас.

Тука се два сертификати на располагање, еден од нашиот систем нашиот код и еден кој одговара на системот Comonpass. Кога тој сертификат ќе се преземе во апликацијата Comonpass е препознатлива насекаде во ЕУ. Одобрување на овој систем дала и ЕУ, а на 19 август тоа треба да се официјализира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.