Денеска во Стопанската комора во Битола на средба со стопанствениците, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во врска со одлуката на Народна банка за забрана на банките и осигурителните компании да исплаќаат дивиденди истакна дека ситуацијата е драматична. Според него, под итно треба да се санира буџетот, за да не дојде до банкрот.

Одлуката на Народната банка е драматична. Истата за жал помина низ сенка покрај толку многу политички скандали. Во секој случај, тоа е уште еден показател дека државата има слаб буџет и дека се движи кон банкрот. Според мене, ако Народната банка се одлучила на вакви мерки да им забрани на банките да делат дивиденди, тоа значи дека можат само да ја зголемат недовербата во банкарскиот сектор. И за жал може некои граѓани коишто имаат депозити со право да размислуваат дали нивните депозити во банките седат сигурни или не се сигурни, ако на банките не им е дозволено да поделуваат дивиденди, посочи Милошоски.

Тој смеат смета дека е драматично тоа што се случува и треба под итно да се преземат мерки за санирање на буџетот.

Без дополнителни задолжувања, за да не ни се случи, освен економски да имаме и буџетски потреси или не дај боже банкрот, рече Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.