Од утре, 8 јули, од 09:00 часот почнува аплицирањето за бескаматниот кредит од кредитната линија за трговски радиодифузни друштва. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 1 јули 2021 година, а ќе трае 30 дена.
Како што соопшти Развојната банка, трговските радиодифузни друштва ќе може да користат бескаматен кредит со грејс-период до 12 месеци и рок на отплата до 48 месеци, за тековни средства и ликвидност.
Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари.
Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат главница и резерви не помалку од 50 отсто од износот на бараниот кредит, како и степен на финансиска задолженост помал од четири. Принципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде „прв дојден, прв услужен”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.