Во понеделник ќе ги дознаеме новите цени на горивата.
Согласно последната одлука на РКЕ бензинот Еуросупер БС-95 поскапе за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.