Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблици кои се возат низ државава беше донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила кој е веќе донесен. Убеден сум дека денеска или утре ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за меторологија и другите институции како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение – рече Бектеши во одговор на прашање по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.