Oд утре почнува етапната исплата на априлските пензии.

Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од корона вирусот.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата

– за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во понеделник 26 април

– за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари, исплатата ќе биде во вторник

– пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари ќе бидат исплатени во среда

– пензиите над 18.001 денари ќе се исплаќаат во четврток.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите можат да располагаат од понеделник – 26 април.

Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.