Од флоскулата на Владата, се бориме за секое работно место, до 55 илјади лица кои ги изгубија своите работни места од почетокот на пандемијата, односно за само една година. Бројот на невработени во Македонија, само во февруари месец се зголеми за околу само илјада лица.
Бројот на невработени лица на крајот на февруари според евиденцијата на Агенцијата за вработување изнесува 159.608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година.

Од друга страна, стопанствениците од текстилната индустрија најавуваат отпуштања на нивните вработени и тоа за 20 отсто, ако власта не реагира и итно не им обезбеди државна помош. Во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, како што велат, ситуацијата е катастрофална, бидејќи капацитетите речиси воопшто не работат.

Според претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Ангел Димитров, од јануари наваму, скоро запре производството на текстил, со исклучок на производството на работна облека.

Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите. Ако ги добијат средствата навреме, ќе ги задржат вработените. Во спротивно, огромен број, до 20 проценти од вработените ќе останат на улица, па наместо тие да ги полнат фондовите и Буџетот, ќе бидат под Агенцијата за вработување, ќе користат финансиска помош, а потоа ќе станат социјални случаи“, истакна Димитров.

Но, што прави Владата имаат ли план, стратегија а и најважно пари како да го помогнат стопанството и граѓаните. За времетраењето на економската криза која ја предизвика пандемијата со корона вирусот, власта ја задолжи државата за нешто повеќе од милијарда евра нов државен долг. А гледаме дека пари во стопанството и кај граѓаните воопшто и да нема. Ефект нема никаков, невработеноста продолжува да расте и народот да осиромашува.

Власта пак, вели дека при има и дека ќе стигнат кај стопанството и граѓаните. Но за да стигнат до нив првично треба да се донесат закони во Собранието кои што власта не ги става на дневен ред. Иако од владата постојано обвинуваат дека опозицијата го кочи носењето на законите за исплата на финансиска помош, всушност е таа која го опструира нивното носење, со тоа што иако петтиот пакет економски мерки беше најавен уште од декември минатата година, а требаше да се донесе во јануари годинава, до сега не е влезен во собраниска процедура.

Власта, законите за петтиот пакет економски мерки на дневен ред на собраниска седница ги има ставено дури за 23 март, и истите најрано би можеле да се донесат на почетокот април. Ова прв го обелодени пратеникот од опозицијата на Тимчо Муцунски, кој тоа го обелодени со статус на Фејсбук и покажа дека власта и парламентарното мнозинство се тие кои што оневозможуваат парите од државата да стигнат до стопанството и до граѓаните.

Вчера за ова реагираше и Ангел Димитров од Асоцијацијата на работодавци. За него е неразбирливо зошто законот за финансиска помош е ставен на собраниската седница на 23 март, кога до 15 март веќе требаше да се исплата платите на работниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.