Oд понеделник, 26.4.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од корона вирусот.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.4.2021 година (понеделник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.4.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.4.2021 година (среда);

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.4.2021 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 април (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Од Министерството за труд и социјална политика апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.