Од понеделник почнува бербата на вишна во Пијанец. Добриот род и квалитетната вишна, како што информира овоштарот Мишо Величковски, ќе ја окарактеризираат бербата за која ќе бидат потребни и добри работници, за навреме да се заврши истата.
Бербата конкретно на моите насади ќе се одвива на површина од девет декари кај местото викано ,,В’ко” во атарот на село Драмче. Квалитетот на вишната е прва класа. Овоштарникот е според систем капка по капка, со сите стандарди. Употребата на препарати за заштита е според програмата на Европската Унија. За сите работници е обезбедена добра цена и услови за работа, така што се надеваме дека бербата ќе заврши во предвиениот рок, вели Величковски.
И најголемиот производител на вишна од сопствен насад ,,Рудине” најави берба на вишната од понеделник. Вишната ќе се бере машински.
По модрата слива, вишната е една од најзастапените овошни култури во Пијанец. Поради добриот род и годинава се очекува најголем дел од производството да заврши на европските пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.