Цените на горивата од полноќ се зголемуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се точи по цена од 70 денари за литар.

Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 60,50 денари за литар оваа недела.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за еден денар, па ќе чини 60 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,889 ден/кг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.