Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, „еуродизел (Д-Е V)“ за 3,5, а на „екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)“ за четити денари од литар. Вака одлучи денеска Реулаторната комисија за енергетика.

Литар „еуросупер БС-95“ ќе чини 61 денар, „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 63 денари, „еуродизел (Д-Е V)“ 58,50 денари, а „екстра лесното масло за домаќинство“ 47,50 денари.

За 3,573 денари поскапува и мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 29,522 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.