Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2.00 во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа ќе изнесува 58.00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1.50 во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66.00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47.50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1.00 во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68.50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1.473 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 34.922 ден/кг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.