Зелениот картон ќе се спои со полисата за автоодговорност, па така секој сопственик ќе треба да го извади кога ќе го регистрира возилото.

Оваа измена ќе биде законски регулирана најдоцна до крајот на оваа година и ќе произлезе од потребата да се усогласат нашите закони со европските директиви.

За ова веќе потврда даде и првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, кој тврдеше дека дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира.

Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година новиот закон да добие зелено светло – рече Попоски во интервју за МИА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.