Тешко на народот и на државата кога Зоран Заев држи лекции – смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На својата фејсбук страница лидерот на опозицијата посочи дека од економски лекции на Заев Македонија влезе во рецесија, а од историските лекции цела држава се држи за глава.

Во светот ни се смеат и нѐ жалат за неговиот “рајхТ” и “администрација”.Сега време е Заев да научи една лекција: Колку побргу смени професија, толку подобро за граѓаните на Македонија. Неговите лекции се страдање за народот, едноставно цената на неговите лекции ја плаќаме прескапо. Ако е од Заев премногу е. Ги видовме неговите лекции, време е да добие лекција од народот! – напиша Мицкоски

Тешко на народот и на државата кога Zoran Zaev држи лекции. Од неговите економски лекции Македонија влезе во рецесија, а…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 7 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.