Од денеска рестораните и кафулињата наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Работното време се продолжува по препорака на Комисијата за заразни болести, а откако предлогот го усвои Владата на седницата во вторникот. Тогаш министерот Венко Филипче рече дека е можно идната недела да се разгледува опцијата за ново продолжување на работното време и до 23 часот.
Угостителите се сепак незадоволни од односот на Владата кон нивната работа. Од независната угостителска комора негодуваат што не биле викнати на консултации за петтиот пакет мерки кој моментно се дебатира. Откако беше објавено во вторниот дека е донесена една мерка од пакетот угостителите се чувствувале изиграни што се носат мерки за поддршка на други индустрии прво, наместо за нив оти како што сметаат, тие биле најпогодени.
Според претседателот на НУК, Здравко Јосифовски, Владата е во целост одговорна за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на корона кризата. Угостителите немаат време за чекање и за да ги сочуваат сите работни места на Владата и даваат рок до 25 јануари да донесе итна одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати од почетокот на месецов со траење додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки, односно протоколите за работа на угостителски објекти или до завршување на пандемијата, како и да ги реализира нивните останати барања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.