Од денеска 5.300 вработени во „Дрекслмајер“ ќе бидат на времен платен одмор во нарените две седмици, соопшти раководството на германската компанија. Точниот почеток на производство и работа е во зависност од состојба со коронавирусот, но и развојот на настаните во автомобилската индустрија во светот, велат од компанијата.
Поради состојбата со коронавирусот, вработените во „Дрекслмајер“ од денес па во следните две недели се на колективен платен одмор. Фабриката во овие две недели ќе работи на технички минимум, одржување на машини и слично. Секако, здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти, велат во писмениот одговор од раководството на компанијата.
„Дрекслмајер“ е еден од најголемите работодавачи во земјава, чие седиште е во Кавадарци. Во Македонија германската фабрика произведува делови за автомобилската индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.