Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе присуствуваат на свеченото отворање на последната делница од автопатот „Арбен Џафери”, кој ја поврзува Приштина со граничниот премин Блаце.

На свеченоста што ќе се одржи во близина на граничниот премин Блаце ќе присуствуваат и претседателот на Косово Хашим Тачи, претседателот на Собранието Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.

Градежните работи на изградбата на косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје се завршени вчера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.