Секој ден плус е важен, секоја илјадарка плус е добредојдена, пишува денеска премиерот во змаинување Зоран Заев на „Фејсбук“, поздравувајќи го почетокот на исплатата на 186 милиони денари од УЈП на граѓаните кои скенираа сметки преку проектот МојДДВ.

До крајот на следната недела целосно ќе биде завршен повратот од оваа фаза. Граѓаните не само што станаа даночни инспектори и помагаат во сузбивање на сивата економија, туку гледаат и директен бенефит по нивниот џеб. Парите ќе легнат на личните сметки за прв пат оваа недела, но ќе продолжат во редовни интервали и во следната година. Ова е уште еден од начините како државата преку оваа Влада враќа парите назад кај граѓаните!, порача премиерот во заминување.

Неодамна, кога јавноста реагираше на огромните плати и додатоци кои ги добивале специјалните обвинители и главната на СЈО, денес обвинетата Катица Јанева, премиерот во заминување имаше друга песна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.