Од 7,5 милиони евра буџет на ЦУК и ДЗС, 60% се трошат на плати, а само 700.000 евра на машини и опрема, покажува анализата на „Фактор“.
Годинава Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување имаат на располагање за трошење вкупно 7,5 милиони евра од буџет. Со тие пари треба да ги покријат сите трошоци за работењето вклучително и вложувања во капитални инвестиции и средства за работа.
Од тие 7,5 милиони евра двете институции за плати ќе потрошат 4,4 милиони евра односно 59 отсто од сите пари. Двете институции вработуваат заедно нешто повеќе од 550 лица.
Двете институции за капитални инвестиции во опрема и машини планирале 706.000 евра што е 9 отсто од сите пари кои им се на располагање.
Тоа што авионите за гасење пожар на ДЗС не се во фукција е системски проблем за кој досега никој никого не повика на одговорност.
Само 33 од 80 општини имаат пожарникарски служби, за нивните плати од државниот буџет – 3,6 милиони евра
За пожарникари преку блок дотации од централен буџет годинава се издвојуваат 6,5 милиони евра од тоа 2 милиони евра се за скопските пожарникари. Од 80 општини 34 имаат пожарникарски единици.
Целата анализа на „Фактор“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.