Дел од гостите кои го испланирале одморот во Охрид и резервирале сместувањe онлајн преку Букинг реагираат дека газдите на апартманите им ја покачиле цената речиси за дупло на ден-два пред пристигнување, пренесува „СДК“. Оправдание за покачувањето им се наводни засилени протоколи за заштита од ковид-19.
Почитувани, поради новата политика на Букинг и нашата вила, како и засилените протоколи поврзани со ковид-19 ве известуваме дека цената на Вашиот апартман наместо 30 изнесува 50 евра по ноќевање за две лица. Ве молиме Вашето присуство, односно резервација со новите тарифи да ги потврдите најдоцна до утре, е пораката што ја добила скопјанка на два дена пред тргнување во Охрид.
Други пак се жалат дека биле изманипулирани и дека не им се почитувани резервациите.
Резервиравме апартман преку Букинг 15 дена пред да одиме на одмор во Охрид. Кога пристигнавме апартманот беше издаден. Охрид беше преполн со гости, не успеавме да најдеме соба и моравме да се вратиме назад во Скопје. За среќа, од Букинг ни ги вратија парите, вели млад брачен пар од Скопје.
Четворица млади скопјани велат дека за продолжениот празничен викенд барале соба за двајца.
Едвај најдовме во Рача но кога им кажавме дека сме за два вечери не не примија, велат тие.
Целиот текст на СДК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.