Хотелите почнуваат со работа од 22 јуни годинава.
Ова на фејсбук го објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој напиша дека Владата на денешната седница го донела протоколот за работа на угостителските објекти за сместување.
Од понеделник 22 jуни почнуваат со работа хотелите. На денешната седница на Владата го донесовме Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување. Како Министерство за економија доставивме предлог протоколи кои се усогласени со Европската комисија за целосна заштита на гостите во угостителските објекти“, напиша Бектеши на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.