Емисиите на стакленички гасови од 2016 година се намалени за 34,6 осто во споредба со емисиите од 1990 година. Намалувањето се должи на намаленото производство на електрична енергија од домашен лигнит, промената на горивото (зголемена употреба на природен гас), како и намаленото индустриско производство, се вели во Извештајот на Институот за јавно здравје (ИЈЗ).

ИЈЗ е долгогодишен активен учесник и клучен актер во борбата против климатските промени.

Како членка на Меѓународното здружение на национални институти за јавно здравје (IANPHI), ИЈЗ, будно ја следи состојбата со климатските промени на национално ниво и активно делува во адаптацијата и ублажувањето на нивните пред сѐ здравствени ефекти врз на населението.

Институтот учествува во адаптацијата и ублажувањето на климатските промени за да го заштитат здравјето на населението.

Уделот на обновливи извори на енергија во бруто-финалната потрошувачка на енергија покажува зголемување од 23 отсто во 2020 на 49 отсто во 2050 година.

Инвестиции во зелената енергија создаваат најголем број на зелени работни места во 2035 година: 10.000 зелени работни места, што претставува 2,7 пати повеќе работни места од сегашниот број на вработени во термоцентралите на јаглен во Македонија. Нашата земја, според Парискиот договор, се обврза да ги намали емисиите на СО2 од согорување на фосилни горива за 30%, односно за 36% во однос на повисокото ниво на амбиција, до 2030 година, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Негативните влијанија на климатските промени се сериозна закана за физичкото и менталното здравје на населението ширум светот, а исто така, ги влошуваат постојните демографски и социо-економски нееднаквости. Националните институти за јавно здравје можат да ги следат и да предложат соодветни интервенции за да се намалат нееднаквостите во здравјето поврзани со климата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.