Македонија бележи пад од 7 места на најновата листа на  Дуинг бизнис на Светска банка за оваа година. Според најновиот извештај на светските банкари, Македонија е на 17. место, додека минатата година се наоѓавме на местото број 10.

Оваа листа мери неколку критериуми кои говорат за леснотијата на земјата за водење бизнис, како што се отворањето фирма, затворањето, даночната регулатива, брзината на добивање струја, други дозволи, како и пристапот до кредитни средства за компаниите.

Македонија се наоѓа во најдобра позиција од земјите на Балканот. Така, според најновото рангирање, Словенија е 37, Србија 44, Црна Гора 50, Хрватска 51, Романија 55, Бугарија 61 и Грција 79.

На чело на листата одново е Нов Зеланд, а следуваат Сингапур, Хонгконг, Данска, Јужна Кореја, САД, Грузија, Норвешка и Шведска. На дното, пак, остануваат Сомалија, Еритреја, Венецуела, Јемен, Либија и Јужен Судан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.